Каминис и Шилегов нема да разговараат за името

by fokus

Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, вели дека со намера го поканил во посета неговиот скопски колега, Петре Шилегов, затоа што во период кога се вжештуваат релациите меѓу двата народа, да покажат дека градовите може да соработуваат меѓу себе. Во интервју за радиото Тема 104.6, Каминис отфрла секаква можност со Петре Шилегов да разговараат за политичките случувања и разговорите за името.

-Строго ќе се ограничиме на нашата улога, на соработката на двата градови, за да испратиме порака дека соработка со градот Скопје е најдоброто нешто што можеме да го направиме во овие околности, вели атинскиот градоначалник во пресрет на средбата со Шилегов.

Двајцата градоначалници ќе разговараат за социјална заштита, социјална култура, иновации и слично.

-Одлучив да го поканам сега, токму за да испратиме порака дека градовите можат да соработуваат, можеме да ги разменуваме нашите искуства, можеме да соработуваме на илјада полиња и така да покажеме дека барем на ниво на ниска политика, и сакам да го потенцирам ова, на ниво на ниска политика, Скопје и Атина, а соодветно и двете земји, можат мирно да коегзистираат – вели Каминис.

Поврзани новости