185
Сезоната на годишни одмори ги донесе првите големи гужви на граничните премини кон Грција.
Според сведоштва на патници, на граничниот премин Евзони се чека со часови, а колоните возила се движат многу бавно.
„Чекаме веќе три часа, а границата сè уште не се гледа. Работат повеќе царински пунктови, но бројот на возила е огромен“, изјавил еден патник од Србија кој патувал кон Грција со семејството, пренесе „Блиц“.
Возачите се советуваат пред поаѓање да ја проверат состојбата на граничните премини и да понесат доволно вода, храна и трпение, бидејќи се очекува засилен сообраќај и во текот на денот.