Огромен интерес за настапот на Цеца во Скопје, влезниците речиси распродадени!

by fokus

Балканската музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ги најави првите концерти за 2023 година. Во февруари ќе настапи во Словенија и Германија, а на четврти март доаѓа во Скопје.

-Се радувам што ќе се дружиме на следните концерти, објави таа на својата страница.

За настапот во Скопје, познато е дека ќе се одржи во дискотеката Централ Парк. Присутните првин ќе ги забавувал диџеј, а потоа следувал концертот на фолк пејачката.

Како што дознаваме, имало огромен интерес за влезниците и останале уште мал број на слободни карти за настанот.

Цената изнесувала 1.000 денари од лице, но морало да се направи и резервација на маса, која изнесувала 5.000 денари, со вклучен пијалок.

Цеца е редовна гостинка во земјава и секој нејзин настап поминува со распродадени карти, а кога настапува на отворено, со преполни плоштади. Лани таа го одржа првиот заеднички концерт со ќерката Анастасија во Пробиштип.

Редовна пракса кога настапува на општински манифестации, е да има организиран автобуски превоз од повеќе градови.

Вики Клинчарова

Поврзани новости