Богојески: Дали Заев има некаква врска со „Jet Airways“?

by fokus

Откако поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за „Фокус“ побара извинување од Петар Богојески од Македонски концепт за поврзувањето со фирми во Дубаи, Индија и Кина, Богојески вели дека не гледа причина да извинување.

Во врска барањето на Заев за некакво извинување и закани со тужби кон мене, сакам да ја информирам јавноста дека не гледам причина за било какво извинување. Напротив, читајќи ја реакцијата на Заев, добив впечаток дека тој се сокрива зад „семејството” и се обидува да дефокусира внимание од неговото лично дејание. Заев, оставете ги семејствата на страна! Една фамилија имавме на власт и видовме како заврши! Не се обидувајте и вие како Груевски да го повлечете семејството со тебе во безна! Мојата изјава се однесува лично на вас и така нека се третира во било кои постапки!, вели Богојески во изјава за „Фокус“.

Тој уште еднаш го прашува Заев дали поседува фирми и удели во Грција, Дубаи, Индија, Африка и некои рајски острови.

Ништо друго не се побара од вас! Еве на пример, дали имате некоја врска со JET Airways? Удел или партнер од Бугарија? Јас ќе бидам среќен да имате и да биде сето тоа легитимно и легално! Јас се радувам на успехот на секој наш граѓанин, па нека биде тоа и ваша инвестиција! Не ми е јасно зошто толку сте вознемирен за свој успех? Ве очекувам со вашите закани кон мене, на кои секако имам соодветен одговор!, вели Богојески.

Поранешниот премиер, Зоран Заев во изјава за „Фокус“ демантираше дека тој и неговото семејство ги прошириле своите бизниси во Дубаи и Индокина. Побара извинување од Петар Богојески и најави тужба за нарушување на честа и угледот, доколку тоа не го стори.

К.С.Б.

 

Поврзани новости