Кавадарчанец пријавил дека некој друг земал кредит на негово име

by Fokus

Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг земал кредит на негово име, соопшти портпаролот на МВР Велес Ристе Самарџиев.

Според него, вчера во 10.00 часот во Полициската станица Кавадарци, Р.Л.(44) од Кавадарци пријавил дека на 25 јануари бил повикан од финансиско друштво дека требало да плати рата за брз кредит.

Според пријавата, тој не поднел барање за заем во финансиско друштво, по што сфатил дека неговите лични податоци биле злоупотребени.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости