Ограбена банка во Капиштец

by Fokus

Вчера изутрина дошло до грабеж во експозитура на банка во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во скопската населба Капиштец, информираа од МВР.

Според информациите, грабежот го извршило маскирано лице кое влегло во банката и било вооружено со пиштол.

Лицето потоа побегнало со парите во непознат правец.

Од полицијата велат дека се преземаат сите мерки да се расчисти случајот.

Поврзани новости