578
За време на новогодишната ноќ, бил ограбен домот на новинарот Томслав Кежаровски.
„Двата лаптопа на Томче се земени, мобилен со германскиот број е земен, а другите постарите не се земени. Таблет не, компјутерот на ќерка ми не, погодете сами што барале. Во собата на ќерка ми само претурале, одземени се два часовини и две ланчиња. Од мене земен е часовник и алка. Грабеж ама и не треба да личи многу на грабеж, нели?“, напиша на фејсбук сопругата на Кежаровски, Марина Кежаровска.
Таа воедно сподели и фотографии во каква состојба го затекнале нивниот дом кога се вратиле од новогодишната прослава.