Иванов очекува Македонија да стане членка на НАТО

by Фокус

Претседателот Ѓорге Иванов очекува на претстојниот самит на НАТО конечно Македонија да стане членка на Алијансата, бидејќи, како што рече, по денешната посета на војниците во касарната Чојлија, од македонска страна е се исполнето.

– Се надевам дека овој нареден период структурите на НАТО нема да бидат заложници на една нејзина членка која поаѓа пред се од своите интереси, а не од интересите на НАТО и од состојбата во целиот регион. Очекуваме на претстојниот Самит на НАТО тоа да биде изложено и Македонија конечно да стане членка на НАТО. Тоа што Грција го бара е во рамки на Обединетите нации и таму се води спорот за името – рече Иванов.

Во врска со бугарското претседавање со ЕУ, претседателот Иванов оцени дека тоа што Македонија покажала добрососедски односи кон Бугарија укажува дека перманетно сака сите отворени прашања да ги затвара.

Поврзани новости