Иванов: Армијата мора да биде подготвена за сајбер-напади

by Фокус

Армијата се покажа дека може да се спротивстави со сите предизвици со кои се соочува, изјави претседателот Ѓорге Иванов кој денеска на првиот ден од годината традиционално ги посети припадниците на АРМ во касарната Чојлија.

-Видовме каква е улогата на Армијата во чување на Република Македонија, во илегалната миграција, колку е таа вклучена и подготвена да излезе во пресрет на сите предизвици на кризниот менаџмент и која секојпат е прва во сите елементарни непогоди и се она што е неопходно кога треба да се помогне – рече Иванов.

Тој нагласи дека живееме во свет којшто е непредвидлив и во кој постојат нови начини на војување поради што, според него, армијата мора да располага со современи средства и да биде подготвана за сајбер-напади.

Поврзани новости