Официјално утврдена причината за катастрофата во Бејрут: Експлодирале 2.700 тони амониум нитрат

by Fokus

Во близина на крајбрежјето на Бејрут, ненаселениот дел од градот, одекнала силна експлизија вчера. Според непотврдени информации, набрзо потоа се слушнала и друга експлозија.

Првиот човек на службата за безбедност на Либан, генералот Абас Ибрахим на местото на експлозијата демантирал дека станува збор за детонација од пиротехника и изјавил дека станува збор за други експлозивни средства кои биле складирани долго време.

-Тоа што се случи не е експлозија од пиротехника, туку некои други експлозивни средства кои биле складирани долг временски период, рекол Ибрахим.

Либанската телевизија „ЛБЦ интернешнл“ подоцна објавила дека експлодирале 2.700 тони амониум нитрат.

-За време на заварување на отворот низ кој криминалците би можеле да извршат кражба, дошло до детонација на товарот складиран во магацинот со 2.700 тона амониум нитрат – шалитра, пренела телевизијата.

Арапските медиуми јавиле дека вчера во страшна експлозија исто така се повредени и ќерката и сопругата на либанскиот премиер Хасан Диаба.

Поврзани новости