Француската амбасадорка во Скопје потенцираше дека еден од камиказите е француски државјанин, кој во последно време се исламизирал.
„Ова го потенцирам бидејќи сакам да кажам дека заканата не е од надвор, рече француската амбасадорка додавајќи дека сепак не треба да се занемари фактот што одговорноста ја презедоа терористите на ИСИС, рече Оер.
Според она што е досега познато, напади имало на седум различни места, а Оер особено го истакна нападот на францускиот стадион каде што се играше пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Франција и Германија на кој присуствуваше и претседателот Франсоа Оланд.
„Франција е во голем шок бидејќи се соочи со атентат кој понесе голем број жртви а не ни замислувавме дека по 11.јануари ќе се соочиме со такви ужасни сцени. Бројот на жртви изнесува 128 луѓе а 252 лица се сериозно повредени од кои 80 се борат за живот“, изјави Оер.
Оер нагласи дека во оваа рана фаза по немилите настани, нема никаква поврзаност помеѓу мигрантската криза или француските џихадисти кои се борат во Сирија со нападите.