Одземени пасошите на неколку осомничени професори

by fokus

По неколкучасовен распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка на петмина од осомничените во акцијата на МВР на Економскиот факултет во Скопје им одредил мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и обврска да се јавуваат пред надлежен суд, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1.

Пасошите им се одземени на тројца универзитетски професори, еден демонстратор и сопстевникот на бифето на Економскиот факултет.

Според неофицијални информации, пасошот му е одземен и на  професорот и поранешен декан на Еконоскиот факултет во Скопје, Бобек Шуклев.

 

Поврзани новости