ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ први почнаа да издаваат државни хартии од вредност

by fokus

Владејачката партија реагира на обвиненијата од СДСМ дека новото задолжување од 15,1 милион евра кај домашните кредитори е незаконско и неосновано.

„Според манипулациите од фабриките за афери на СДСМ, сите влади во светот на сите развиени економии го кршат законот со тоа што издаваат државни хартии од вредност. Според измислиците на фабриките за афери на СДСМ, токму СДСМ се првите кои го прекршиле законот бидејќи тие први почнаа да издаваат државни хартии од вредност во 2004 година. Дотолку повеќе што каматната стапка на државните записи во време на СДСМ беше дури пет пати поголема од денеска“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата додаваат дека додека СДСМ ги повторува „излитените измислици, Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа“.

 

Поврзани новости