780
По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корпција, одземен е мобилниот телефон на Катица Јанева, потврдија за Фокус од Обвинителството.
Иако дел од медиумите објавија дека обвинителството врши претрес во нејзиниот дом, сепак тоа не е точно, туку одземен и е само мобилниот.
Претходно, изведени пред судија на претходна постапка беа Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои се осомничени во случајот кој денеска го покрена ОЈО за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари. За нив, Обвинителството бара одредување мерка притвор.