Одрони кај Кумановско и Кичевско, затворени неколку сообраќајници

by Фокус

Поради одрони на патот кај село Ругинце, од 10:20 часот утринава затворени за сообраќај се патните правци Куманово-Кратово и  Куманово-Крива Паланка.

Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“ се на местото и работат на расчистување на одронот.

-Екипите на ЈП за одржување регионални патишта ‘Македонија пат’ се на терен, механизацијата работи интензивно, но прекинот сè уште трае – информираат од „Македонија пат“.

Од таму додаваат дека со помош на службеници од Секторот за внатрешни работи, сообраќајот се пренасочува кон стариот пат Куманово-Крива Паланка кај село Грушино.

Поради одрони и свлечишта, од 12 часот затворен за сообраќај е и регионалниот пат меѓу селата Извор и Иванчишта кај Кичево.

Поврзани новости