Дваесет и три годишник прегазил старица

by Фокус

Дваесет и три годишник со „голф“ прегазил 73-годишна жена на регионалниот пат Скопје-Тетово.

„На 03.11.2023 во 11.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на село Арнакија, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(23) од с.Рашче удрило во пешакот Џ.Р.(73) од с.Арнакија. Во несреќата Џ.Р. се здобила со тешки телесни повреди,  констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости