Одреден притвор за напаѓачот на началникот на полициската станица во Струга 

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од судија на претходна постапка на С.Н.(44) од Велешта одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што тој е спроведен во затворот Идризово.

На 28.07.2023  полициските службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции преземени се мерки и активности го  лишија  од слобода С.Н. (44) од с. Велешта поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ врз Д.А.“,соопшти МВР.

Од полицијата објаснуваат дека околу 17.35 часот на ул. „Ристо Крле“ во Струга осомничениот С.Н. со неговото возило му го попречил патот на Д.А., кој бил со своето возило.

„Тој прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека  по преземените мерки од полициски службеници на СВР Охрид- НККР Струга во координација со Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за општ и насилен криминал против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје“, соопшти МВР.

Поврзани новости