Со авион се гаси пожарот во Неготино

by Fokus

Силен пожар изби во шума близина на Неготино, позната како „Гоцева шума“.  Дирекцијата за заштита и спасување испрати авион за гасење на пожарот, објави Центарот за управување со кризи.

Не терен се територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци кои тешко воспоставуваат контрола поради засилениот ветер.

Доколку состојбата со пожарот се влошува, ќе полетаат и двата хеликоптери на МВР, велат од ЦУК.

Авионот ,,ер трактор” на ДЗС стигна во шумата во близина на Неготино каде што изби пожар и интервенираше, објави Центарот за управување со кризи.

Поврзани новости