Двајцата последни осомничени во акцијата „Пуч“, едниот вработен во МВР, а другиот поранешен полициски службеник, од денеска се во 30 дневен притвор. Оваа одлука ја донел судија на претходна постапка.
Вчера МВР информираше дека пријавените се товарат дека со употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање, како и упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.
Од МВР истакнуваат дека според досегашните сознанија, двајцата осомничени биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, а наводно за тоа биле богато наградени.
Засега во акцијата „Пуч“ се осомничени шестмина, меѓу кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски, неговата сопруга и локален раководител од општина Струмица.