Студентскиот пленум во среда ќе го освојува Универзитетот

by Фокус 11:38
11:38

Студентскиот пленум го закажа седмиот студентски собир за среда напладне пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од таму објаснуваат дека одложувањето на примената на членовите од законот, бил само прв чекор кон она што го бараат, нов закон со кој системски ќе се ревидира концептот на високо образование.

– Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До овде стигнавме, затоа што сложни, гласно на сите начини се спротивставуваме на наметнатите реформи во високото образование. Ајде да го освоиме назад универзитетот, време е да креираме автономна зона – се наведува во описот на настанот.

- Advertising -

Преставници на Студентскиот и Професорскиот пленум во среда беа на средба со премиерот Никола Груевски, барајќи од него да се повлече државниот испит и спорните законски измени во високото образование. На средбата беше донесена одлука за одложување на државниот испит за една година, па наместо од 2017 да стартува од 2018 година, додека новите законски измени во високото образование се одложија за две години.

 

Поврзани новости