Одобрено обвинението за „Рекет“, наскоро Јанева, Боки 13 и Кичеец ќе седнат на обвинителна клупа

by fokus

Обвинителниот акт е одобрен во целост од Советот за оценка во Кривичниот суд, по што наскоро ќе биде закажано и судско рочиште.

-Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција КО.бр.84/19, постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт поднесени од  Б.Ј., К.Ј. и З.М., на НЕ ЈАВНА СЕДНИЦА одржана на 08.11.2019 година, без присуство на странките во постапката донесе решени со кое:

Приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост.

Против ова решение, согласно одредбите до ЗКП, не се дозволува право на жалба.

Отткако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, се вели во соопштението на судот.

Поврзани новости