Одлуките за притвор на Груевски и Мијалков најрано во недела изутрина

by fokus
Обвиненијата за „Таргет“ и „Тврдина“, кои СЈО ги спои во еден предмет за нелегалното прислушување, а во кои се бара притвор за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како и обвинението за „Титаник“, со барање мерка притвор за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екпремиер Никола Груевски, распоредени се кај судиите Горан Бошевски и Ивица Стефановски.
Со оглед дека тие се стигнати и заведени во Основниот суд Скопје 1 синоќа (петок) во 9.40 часот, одлука за мерките притвор не може да се очекува порано од утре сабајле, недела, појаснија во Кривичниот суд за СДК.

Поврзани новости