Одлуката за крстот во Бутел пред Уставен суд

by fokus

Уставниот суд во среда ќе расправа дали да покрена постапка за испитување на одлуката за изградба на 55-метарски крст во скопската општина Бутел.

Иницијативата до Уставен суд ја поднесе градоналаникот на Струга, Зијадин Села.

Ако судот одлуката ја оцени како уставна, ќе отвори пат за општините каде мнозинство се Албанци, со одлуки за урбана опрема да градат споменици со албански националани симболи.

Процедурата за изградба на крстот беше прекината поради жестоките реакции, а според власта прашањето е оставено да се реши во духот на Охридскиот договор и на Бадинтер.

Инаку, одлуката за крстот во Бутел беше ставена на дневен ред на Уставниот суд за следната недела, иако до последен момент се очекуваше дека судот ќе расправа за Законот за СЈО, што е еден од ултиматумот на Шарената револуција.

Поврзани новости