452
Распитот на шестмината осомничени во случајот „Тортура“, кој го покрена Специјалното јавно обвинителство за малтретирањето и изживувањето врз екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски во текот на неговото апсење за случајот „Кампања“ е одложено по барање на осомничените.
Тие побараа дополнително време за увид во предметот кој, како што тврдат, не им бил овозможен во обвинителството.
Распитот е презакажан за 14 јули.
СЈО за шестемина осомничени побара определување мерки за претпазливост – забрана за преземање определени работни активности поврзана со кривичното дело.