Петерле: Кога Македонија ќе ги исполни условите, евроинтеграциите ќе продолжат

by Фокус 14:09
14:09

Турбулентите случувања во Македонија сигурно не ги зајакнуваат европските перспективи, бидејќи работите не беа спроведени, вели словенечкиот европратеник Алојз Петерле, кој е претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Македонија.

-Но, сигналите кои сега доаѓаат од Скопје, ја засилуваат надежта дека нештата ќе одат во вистинскиот правец. Нас не ни останува ништо друго, освен да се надеваме дека навистина ќе дојде до тоа. И овој пат ќе кажам дека динамиката ја определува Македонија самата. Кога ќе бидат исполнети условите, тогаш процесот на евроинтеграциите ќе продолжи понатаму. Македонија може да ги работи нештата за кои сме се договориле во пристапниот процес – смета Петерле.

Поврзани новости