493
Судскиот процес „Ровер“ меѓу кој е и Љубе Бошкоски денеска беше одложен. Кривичниот суд чека специјалната обвинителка да се изјасни дали ќе го преземе случајот, објави 24Вести.
Доколку Јанева одлучи да го води овој предмет, по трет пат „Ровер“ ќе почне од почеток но со нова обвинителка наместо досегашната Лидија Рејчевиќ. Според информациите од неговиот адвокатски тим можно е Љубе Бошкоски да излезе од затвор пред изборите во април.