СДСМ: Власта го игнорира проблемот со загадувањето

by Фокус 11:32
11:32

Граѓаните на Македонија со месеци дишат загаден воздух, а ВМРО-ДПМНЕ максимално го игнорира овој проблем реагираат од опозицискиот СДСМ.

– Со игнорантскиот однос спрема загадувањето на воздухот, ВМРО-ДПМНЕ придонесува да има штетни последици по здравјето на граѓаните. Мерните станици во континуитет, со денови, недели и месеци покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови – се наведува во соопштението од СДСМ.

- Advertising -

Во Центар загадувањето е 11 пати повисоко од максимум дозволеното количество на ПМ10 честички, во Лисиче 17 пати над дозволеното, Гази Баба 10 пати, а во Карпош загадувањето е 6 пати над максимум дозволеното количество на ПМ10 честички.

Во Тетово количеството на ПМ10 честички е рекордно 17 пати над дозволеното, а загадувањето во Битола е 6 пати над максимум дозволеното.

– Срамно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да не презема ништо во врска со оваа значајна тема која е директно поврзана со здравјето на граѓаните. Политиките на Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги разболеа граѓаните, туку и нема кој да ги лечи болните граѓаните. Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари – се наведува понатаму во соопштението.

Поврзани новости