Одбраната на Заев побара издвојување на доказите за случајот „Поткуп“

by fokus

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се појави во Основниот суд на закажаното рочиште за случајот „Поткуп“.

Одбараната на премиерот Зоран Заев бара издвојување на доказите прибавени со Посебните истражни мерки за случајот „Поткуп“.

Адвокатот Филип Медарски се повика на одлуката на судијката Михајлова за издвојување на доказите во случајот „Насилство“. Сведокот, бизнисменот Иван Николов Сачевалиев, не е присутен на рочиштето.

Според обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица, барал поткуп од 163 илјади евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица. Една половина од парите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Премиерот побара рочиштето да заврши до 12 часот, со оглед на тоа што има седница на Владата.

Поврзани новости