Одбиени првите два приговори на БЕСА

by fokus

Државната изборна комисија ги одби првите два приговори за изборниот процес поднесени од БЕСА. И двата приговори беа одбиени со седум гласа против и два гласа за уважување.

Како причини за одбивањето беше наведено дека за приговорите немало докази, навреме не се поднесени приговори до ОИК на денот на изборите, а овластените претставници на партиите што биле на избирачкото место го потпишале записникот.

 

Поврзани новости