Откако наплати 12. 000 евра за пат: Бонева не сака џабе да троши време во ДИК

by fokus

Џабе трошиме време на неосновани приговори, изјави Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО – ДПМНЕ на денешната отворена седница на Државната изборна комисија каде што се расправа за приговорите на изборите на 11 декември поднесени од Беса и од СДСМ.

Токму, Силвана Бонева кон крајот на септември се најде во центарот на вниманието и на мета на напади во медиумите и на социјалните мрежи, откако беше обелоденето дека за шест месеци наплатила 12.000 евра патни трошоци од ДИК. Бонева подоцна под притисок на јавноста ги повлече сметките за патни трошоци за јули и за август и се откажала од надоместокот за патни трошоци за овие два месеца.

 

Поврзани новости