Одбиен приговорот на Димитров за упадот на Стоилковски на прес, ДИК го упати на суд

by Frosina Fakova

Државната изборна комисија на денешната седница го отфрли приговорот на Никола Димитров, носител на кандидатска листа во ИЕ 1 на СДСМ поднесен за портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски за попречување на изборна кампања.

Димитров бараше Стоилковски  да биде парично казнет за тоа, како што предидува законот и тоа меѓу шест и две илјади евра. ДИК, како што нагласи членот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Постолоска, е ненадлежна за ова и го упати Димитров приговорот да го поднесе до Основниот суд.

Настанот се случи на 30 јуни, кога Димитров одржуваше прес-конференција пред зградата на Обвинителството по повод почетокот на примената на новиот Закон за јавно обвинителство. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски се обиде да го прекине во изјавата и довикуваше дека лидерот на СДСМ давал „црни пари за референдумот“, алудирајќи на една од новите „бомби“.

Поврзани новости