Од вкупно 124 починати за една недела, 27 биле вакцинирани

by Fokus

Министерството за здравство ја објавува неделната информација за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

Во период од 15.10-21.10.2021, починале 124 пациенти со Ковид 19, од нив над 78% биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 15.10 до 21.10, 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина.

Еден пациент е вакциниран со Фајзер. Двајца со вакцина Астра Зенека, шест починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината Спутник В.

 

Поврзани новости