Маја и Ѓорге Иванови добија снаа: Таа го облагороди моето време!

by Fokus

Иван Иванов, синот единец на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, се верил со својата девојка. Убавата вест тој ја откри во емисијата ,,Бекстејџ”, не откривајќи го идентитетот на избраничката.

-Во ова невино време што измина, во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време. Уште на почеток знаевме дека тоа е тоа. Пеперутките во стомакот не лажат. Таа ме освои со шарм, насмевка, ниво на промислување на работите, интелигенција. Работите течеа по природен пат – изјави Иван.

Околу плановите за свадбена забава, порача дека по завршувањето на панедмијата ќе следи традиционална свадба. Исто така, тој ја промовираше својата деби потеска книга насловена ,,Невино време”. Раскажа и својата љубов кон музиката, со пораката дека гитарата му е постојано во раце.

Вики Клинчарова

Поврзани новости