Од Вардар извадени над 30 гуми за 20 минути

by Fokus

Во акцијата за чистење на коритото на Вардар, која денеска ја организираа повеќе граѓанските организации, за само 20-тина минути биле извадени над 30 гуми.

Акцијата што беше спроведена кај течението под мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје, а ја организираше граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“.

Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае од 27 септември.

Граѓанската иницијатива  редовно спроведува ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот.

Поврзани новости