Зоолошката градина во Скопје, која во изминатиот период беше затворена за посетители поради корона вирусот, од утре повторно ќе биде отворена.
Сепак, од утре ќе важи и нов протокол за движење и придржување кон мерките. Зоолошката градина ќе биде отворена од 09 часот, а посетителите при влез ќе треба да носат маска или марама. Ред ќе се чека на дистанца од 1,5 метри, за што се поставени посебни обележувања.
Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.
Од скопската Зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одредени моменти да не се создава поголем метеж.