Италија ги отвора теретаните и базените

by fokus

Од денеска Италија влегува во нова фаза на ублажување на мерките на изолација поради корона вирусот и ги отвора базените, спортските сали и фитнес клубовите.

Отворањето е одложено во само две провинции, во Ломбардија која е на северот до 31. мај и во јужната покраина Базиликата до 3. јуни.

Носењето маски за време на вежбањето нема да биде задолжително, но не и од влезот на објектот до соблекувалните.

Справите за вежбање треба да бидат наместени така што ќе осигураат оддалеченост од два метри за време на физичката активност и задолжително ќе мора да се дезинфицираат по секоја употреба.

Според протоколите, управите на објектите ќе бидат должни да ги чуваат листите со лица кои ги користеле услугите најмалку две недели, колку што трае инкубацијата на корона вирусот, заради трасирање во случај ако некој во меѓувреме биде позитивен.

Пред една недела во Италија беа отворени баровите и рестораните.

Во Италија, која е една од најтешко погодените земји од пандемијата на ковид-19 во рок од три месеци умреа повеќе од 32.000 лица.

Поврзани новости