Од утре повторно пораст на температурите

by fokus

Од утре следува период на стабилно време, освен в понеделник кога во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде во пораст.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието и на истокот ќе дува умерен северозападен, а во западните делови слаб западен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Од понеделник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Најтопло ќе биде в среда, со максимална температура од 29 до 37 степени.

Поврзани новости