МЗ: Процесот на вакцинација оди многу брзо, располагаме со голем број вакцини

by fokus

Министерството за здравство ја информира јавноста дека националниот систем Мој Термин и во текот на денешниот ден испраќа известувања до граѓаните кои се пријавени за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk.

-Термини за вакцинирање се креираа синоќа до 22 часот, како не би се вознемирувале граѓаните доцна во ноќта со испраќање пораки, истите се испраќаат и во текот на денот. Освен известување на мобилен телефон, граѓаните може известување да добијат и на нивната меил адреса, а може да проверат за термин и на vakcinacija.mk
Сите граѓани кои изразиле желба за вакцинација ќе се вакцинираат, процесот оди многу брзо, а располагаме и со голем број вакцини. Периодов ќе пристигнуваат дополнителнтелни пратки вакцини кои ги купивме во директни преговори со Фајзер, Спутник В како и вакцини купени преку Ковакс механизмот, известија од Министерството.

Поврзани новости