Од утре ќе може да се пререгистрираат возилата со странски регистарски таблички

by Fokus

Единствен проблем што се уште не можат да се пререгистрираат возилата со странски таблици кои се возат низ државава беше донесувањето на правилникот за Поединечно одобрување на возила кој е веќе донесен. Убеден сум дека денеска или утре ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за меторологија и другите институции како што е Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение, рече Бектеши во одговор на прашање по посетата на скопската компанија Раде Кончар ТЕП

Поврзани новости