Оливер Поповски, екс началникот во МВР, а кој е еден од обвинетите за 27 април, излегува од притвор од истражниот затвор „Скопје“. Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека Кривичниот совет ја прифатил понудената гаранција.
-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на О.П., опфатен со обвинителниот акт поврзан со настаните на 27 април 2017
година во Собранието на Р.Македонија, донесе решение со кое го уважи предлогот за укинување на мерката притвор со понудена гаранција во недвижен имот, со кое по правосилноста на решението и запишување на хипотеката од страна на Агенцијата за катастар, мерката притвор ќе се укине, информираат од Кривичниот суд.
Оттаму додаваат дека заради обезбедување присуство во текот на постапката на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазилвост и тоа: Обврска на обвинетиот да се јавува еднаш неделно на одговорно службено лице во судот и Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.