Го нападнал со нож во средното економско училиште во Куманово

by Fokus

Кумановец нападнал момче со нож во дворот на средното економско училиште во Куманово, информираа од МВР.

Според полицијата, секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 30.04.2018 година околу 17.40 часот  во дворот на средното економско училиште во Куманово, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал А.В., при што извадил нож и му се заканувал.

Поврзани новости