Темелко ќе се брани од слобода, понудил гаранција од 197.000 евра

by fokus

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, ќе се брани од слобода, односно Кривичниот совет одлучи да му ја укине мерката куќен притвор, бидејќи Темелко понудил гаранција. Темелко е еден од обвинетите во случајот „Титаник“ на СЈО, а како што дознава „Фокус“, тој како гаранција понудил имот вреден 197.000 евра.

-Кривичниот совет постапувајќи по предлог на одбраната наобвинетиот Е.Т. обвинет во предметот со КОК . бр 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, донесе решение со кое го уважи предлогот за укинување на мерката куќен притвор со понудена гаранција во недвижен имот, со кое по правосилноста на решението и запишување на хипотеката од страна на Агенцијата за катастар, мерката куќен притвор ќе се укине и се уважува предлогот на СЈО со кој заради обезбедување присуство во текот на постапката му се определуваат мерки за претпазливост и тоа: Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во Основен суд Ресен и Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, информираат од Кривичниот суд.

Поврзани новости