Од последици на корона вирус почина композиторот Трајчевски

by Fokus

Композиторот и хармоникаш Тодор Трајчевски почина од последици на корона вирус во својата 67-ма година. Тој беше долгогодишен соработник со речиси сите популарни имиња од нашата естрада и остави над 200 авторски композиции зад себе.

Исто така, беше редовен на фолк фестивалите во земјава. Фолк естрадата се збогува со него на социјалните мрежи, објавувајќи ги песните кои Трајчевски ги компонирал во текот на својата долга кариера, со пораките дека оставил богато фолклорно наследство.

Вики Клинчарова

Поврзани новости