Од понеделник ПОЦ ќе врши и комунални услуги

by Fokus

На последната 22 – Седница на Советот на Општина Центар советниците изгласаа префрлување на хигиеничарите во општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ со што претпријатието ќе извршува и комунални услуги.

Префрлувањето на вработените и механизацијата ќе се случи во понеделник, а целта на оваа дополнителна дејност на ПОЦ е ефикасно организирање и одржување на јавната чистота на јавните површини, одржување на зеленилото на јавните патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина центар.

Обврски на хигиеничарите кои ќе работат во рамки на ПОЦ ќе бидат одржување на чистотата на јавните површини (чистење на смет, празнење на уличните корпи за отпадоци, чистење на суви лисја, гранки и сл.), одржување на зеленилото на јавните површини и паркови на територија на Општина Центар (косење трева, поткастрување гранки и сл.), одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина Центар чистење на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење на снег од уличните клупи и корпи за отпадоци) и сл.

 

Поврзани новости