389
Повеќе нема прием на нови бегалци и мигранти во Прифатниот центар во Гевгелија.
Одлуката ја донеле Словенија, Србија и Хрватска, според која од полноќ повеќе не се примаат бегалци без валидни визи и пасоши согласно одлуката за примена на новиот режим во Шенген зоната, што практично ја затвори балканската рута.
Во кампот во Табановце во моментот престојуваат 1.050 луѓе и заедно со тие од меѓузоната вкупниот број на бегалци изнесува 1.500 луѓе. Од УНХЦР велат дека не е проблем храната, ќебињата, туку условите кои с е многу тешки, бегалците се наоѓаат на отворено, на дожд и студ.