Мехмети: Дојде време барем претседателот на Парламентот да биде Албанец

by Фокус

Дојде време барем претседателот на Парламентот да биде Албанец, рече пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети на денешната конференција „Промената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ).

Според неа, на тој начин ќе се  докаже дека Албанците се лојални на државните институции.

Ако имаме функции резервирани само за мнозинството не сме постигнеле ништо од Рамковниот договор. Мојата теза е дека доминантната заедница треба да биде гарант за правична застапеност на малцинствата во институциите, а не пречка за тоа. Кај нас со зголемување на бројот на заедниците во државната администрација паралалено се зголемува и бројот на вработените Македонци и затоа не ја достигнуваме квотата на правична застапеност. Имаме неуставна политика за правично претставување – истакна пратеничката Мехмети.

 

Поврзани новости