Од Обединети за Македонија, партијата на Љубе Бошкоски денеска жестоко реагираа на демолирањето на нивните штабови.
– Втор пат по ред, во Драчево се демолира штабот на Обединети за Македонија.
Ја разбираме нервозата на нашите опоненти, поради поразот во Кисела Вода и Драчево, и преку вандалски методи, сакаат да го прикријат поразот, кој доаѓа на 15 ти Октомври. Им порачуваме на криминалците и вандалите дека нема да ја сопрат промената во Кисела Вода и Македонија. Во Македонија и на локално ниво ќе завладее слободата. А кој ја крадел и лажел Македонија, ќе одговара. Ги повикуваме надлежните да ги пронајдат сторителите и најстрого да ги казнат, затоа што нарушувањето на политичкото здружување и делување е насилство врз слободата на народот – се наведува во соопштението од партијата.