Груевски за 11 Октомври: Да ја продолжиме борбата за слободна Македонија

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го честиташе државниот празник, 11 Октомври – Денот на народното востание.

-Денот на народното востание, ја демонстрираше желбата на македонскиот народ за слобода и за сопствена држава. 11 Октомври беше продолжение на битката на Илинденците и сите пред нив кои се бореа за слободна Македонија. На овој светол ден за македонската држава се докажа дека кога работиш за својата земја ништо не е невозможно и неостварливо, токму затоа водејќи се од нивниот пример за тоа како се работи за својата земја, треба да ја продолжиме нивната борба. Борбата беше за слободна Македонија, нашата борба е борба за економски просперитетна Република Македонија, целосно интегрирана во НАТО и ЕУ структурите, каде и природно припаѓа – се наведува во честитката од Груевски.

 

Поврзани новости