Од денеска мобилни тимови за тестирање на корона вирусот

by fokus

Мобилните медицински тимови кои ќе вршат тестирање од корона вирусот од денеска почнуваат со работа во Скопје, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

-За повозрасните луѓе, кои се ризична група на граѓани, ќе се зема брис во домашни услови, согласно препораките, појасно Филипче.

Во главниот град има десетина пунктови за тестирање, а до крајот на неделата нови пунктови ќе бидат отворени и во другите градови.

Поврзани новости