На саемот во Белград сместени 49 заболени од корона вирусот, меѓу нив и 10-годишно дете

by fokus

На саемот во Белград се сместени 49 пациенти заразени од корона вирусот, а од нив 39 мажи и 10 жени. Меѓу нив е и најмладиот пациент, дете од 10 години, потврди државниот секретар во министерството за здравје на Србија, Берислав Векиќ.

– Детето не сакаше да се одвои од мајката, иако сакавме тоа да биде во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, рекол Векиќ.

Досега од Саемот се отпуштени 18 пациенти, бидејќи вториот тест покажал дека се негативни на коронавирус.

Во Србија досега се потврдени 900 заразени лица, 23 луѓе починале, а 43 се излечени.

Поврзани новости